[Став] Демографска анализа на Македонија

Пишува: Ристе Костовски

Населението е еден од најважните фактори на економскиот раст. Имено, демографските процеси имаат директен импакт на пазарот на труд при што од конјуктурата на истиот зависи и растот и развојот на компаниите. Демографските трендови се една од најзначајните структурни компоненти кои влијаат врз останатите општествени текови.

Во продолжение ќе бидат наведени неколку графикони со одредени демографски индикатори кои ја отсликуваат демографската слика на нашата земја.

На првиот графикон е претставено движењето на природниот прираст на населението по квартали во 2022 година при што се забележува негативен природен прираст во трите квартали.

Понатаму, на вториот графикон е претставен истиот индикатор (природниот прираст) по региони за 2021 година каде што во сите региони за 2021 година се забележува негативен природен прираст. Од овој графикон исто така може да се забележат разлики во движењето на наведениот индикатор во различни региони.

На третиот графикон е претставено миграциското салдо по региони за 2021 година при што истото во сите региони освен во Скопскиот е негативно. Овој индикатор ги отсликува диспропорциите во регионалниот развој и слабата ефикасност и ефективност на политиката на рамномерен регионален развој.

Претставените индикатори укажуваат на потребата од имплементирање на структурни промени во водењето на развојните политики во нашата земја и отстранување на ограничувачките фактори на развојот на македонската економија. Имено, неопходна е деполитизација на институциите и подобрување на нивниот капацитет со цел имплементирање на структурните реформи и подобрување на основата на економскиот раст.

*Ристе Костовски има завршено основно и средно економско училиште во Охрид. Бил потпретседател на ученичка заедница и заменик дете правобранител. Студирал на Економскиот факултет во Скопје, каде бил член на студентското собрание, член на научно-наставнички совет и претседател на комисија за наука на ФСС и член на организациски одбор на комисија за наука на УСС. Дипломирал со просечен успех 9,34, а во моментов го подготвува магистерскиот труд на постдипломски студии по монетарна економија, финансии и банкарство.