Поврзете се со нас

Свет

Лаутаро за Меси: Тој како да игра друг спорт, прави работи…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Лаутаро Мартинез расте и напредува од сезона во сезона и во моментов е незаменлив играч во почетната постава на Интер, тим со кој сезонава стана шампион на Италија и го освои трофејот во Супер Купот.

Со тие партии расте и неговата самодоверба, па има значајна улога и во аргентинската репрезентација каде се уште лидер е Лионел Меси. Ветеранот иако ја напушти Европа и игра во Интер Мајами се уште игра фантастично и последната потврда за тоа беше минатиов викенд каде учествуваше со сите шест гола на неговиот тим во славјето над Њујорк Ред Бул.

Лео е навистина посебен играч и тоа го имаат кажано многу асови кои соработувале со него, а последниот е Лаутаро кој со само неколку реченици посочи зошто сонародникот е генијалец кој е пред и над сите.

-Јас сум пријател и соиграч на Меси. Зборуваме за важен играч кој испиша историја во фудбалот. Се чувствува како да игра поинаков спорт на тренинзите. Тој прави работи што никогаш претходно не сум ги видел. Тој е натпреварувачко животно и никогаш не сака да губи, -порача ѕвездата на „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни