Цените и квалитетот на сместувањето во Грција во голем расчекор: 1.300 евра чини подрумски апартман!

4744

Омилената летна дестинација на Македонците не остана имуна на поскапувања. Грција ги зголеми цените за сместување, храна, туристички такси… Дури и патарината е поголема од лани. Барањето станови и неускладените цени и понуди предизвикуваат главоболка.

Некои агенции во екот на сезоната, во текот на јули и август, нудат десетдневни аранжмани, кои обезбедуваат превоз до дестинацијата и сместување, за дури 1.100 евра. За тие пари летаат двајца. Дека понудата е разновидна сведочи уште еден пример за „непристапност“ за мнозинството граѓани, а „несоодветност“ за другите.

Наведените цени се однесуваат на делот од Грција поблиску до Солун. Како што се движите подлабоко во оваа морска земја, сместувањето станува сè поскапо. Омилениот грчки остров на многу туристи – Тасос, ќе остане недостапен ова лето, бидејќи само собата чини 850 евра по лице. Судејќи според достапните ценовници на агенциите, моменталната состојба покажува дека одморот во апартмани, без обезбедена храна, е многу блиску до цената на хотелското сместување во Грција.

Не треба да трошите повеќе пари само за покрив над главата за време на вашиот одмор. А даноците за престој се зголемени од почетокот на годинава и тоа за околу 50 отсто. Најевтин и натаму е данокот за престој во станови, кој досега изнесуваше 50 центи дневно, по сместувачка единица. Така, за десет дена одмор туристите ќе платат околу 15 евра повеќе од цената на сместувањето.

Од оваа летна сезона уште еден новитет ќе ги пречека туристите. Владата на Грција одлучи да им застане на патот на преполните плажи со многу лежалки и ресторани. На најголемиот број плажи, половина од нејзината површина мора да биде достапна за секого, додека другата половина може да има лежалки и чадори кои припаѓаат на кафулињата. Новата практика потенцијално би можела да ги зголеми сегашните цени на лежалките, со оглед дека ќе ги има помалку.