Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка: Најмалку 45 загинати

212
Фото:принскрин/Х видео
Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското министерство за сообраќај.
Едно лице е тешко повредено.
Несреќата се случила кај Мамталакале, во провинцијата Лимпопо, пренесе Rojters.

 

Министерството наведе дека возачот изгубил контрола и удрил со препреките на мостот, поради што автобусот преминал преку мостот и удрил во земја каде што се запалил.