Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс Де Лихт го сподели своето мислење пред реваншот со Лацио во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Поминуваме низ тежок период, со оглед на заостанувањето од 10 бода во првенството во однос на Баер Леверкузен. Затоа, ова е многу важен натпревар за нас. Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот. Овде пласманот во четвртфиналето е речиси задолжително. Повторувам, ова е многу важен натпревар. Ќе имаме енергија да победиме, изјави Де Лихт.

Натпреварот Баерн – Лацио ќе се одигра вечер од 21 часот во Минхен.

Во вториот вечерашен дуел во елитното фудбалско натпреварување се среќаваат Реал Сосиедад и ПСЖ. Парижаните го добија првиот натпревар со 2:0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.