Лион одигра за ПСЖ, го победи Монако и им ја донесе 12-тата шампионска титула на Светците (Видео)

Екипата на ПСЖ по 12-ти пат во клупската историја е шампион на Франција, а голема помош Светците имаа од седумкратниот шампион, Олимпик Лион.

ПСЖ кој вчера имаше можност да ја завери титулата пред своите гледачи на „Паркот на принцовите“, но одигра само 3:3 против Ле Авр, па за да ја слави титулата, вечерва му требаше Монако да не победи во Лион, и токму тоа се случи.

Олимпик Лион славеше со 3:2 против Монако и на три кола до крајот на сезоната го направи ПСЖ старо-нов шампион на Франција. ПСЖ по 31 коло има 70 бода, додека Монако остана на 58, а Олимпик Лион со победата се искачи на седмото место со 44 бода, само два помалку од Ланс кој е на позиција која води во европските купови.

Монако поведе со голот на Висам бен Једер во првата минута од мечот, но до крајот на првото полувреме, Лион направи пресврт благодарение на головите на Лаказет во 22-та и на Бенрама во 26-тата минута.

Бен Једер со голот во 60-тата минута го израмни резултатот, за во финишот, во 84-тата минта Фофана да му донесе победа на Олимпик Лион, а титула на ПСЖ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести