И проектот „Скопје 2014“ се најде меѓу еколошките прашања од невладините до оние кои претендираат да ја водат државата


Фото: Б. Грданоски

Дури 18 конкретни прашања кои ги таргетираат темите од екологијата, заштитата на човековото здравје кое може да биде нарушено поради загадувањето, менување на навиките и поставување инфраструктура за контролирано отстранување на отпадот без последици, отстранување на бездомните кучиња од улиците и слично јавно поставија повеќе организации чиј фокус е екологијата, пред претстојните парламентарни избори, до оние кои би ја воделе државата во следните четири години. 

Повеќето прашања се истите оние кои ги мачат граѓаните со години. Се изначекавме некој да се зафати со чистење, со спроведување одржливи еколошки политики, со спроведување проекти за почиста животна средина, со нагласок на спроведување. Затоа што леигслатива има, планови има, проекти има, но како да нема кој да ги спроведе. Ниту е поставена соодветна инфраструктура, ниту некој ги засукал ракавите да почне да работи. 

„Ние од граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженијата со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани.

Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план!  

Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво. 

Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме! 

Одговорите од партиите ги очекуваме до 2 мај. 

Јавно и во целост ќе ги објавиме пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи. 

Како граѓани, имаме право на одговори за клучните прашања поврзани со:

  • Загадувањето 
  • Урбанизмот, 
  • Владеењето на правото
  • Квалитетот на животот

Нашите заложби се јасни: транспарентно, чесно, законито и правично општество за сите, политики кои ги штитат граѓанинот и јавниот интерес, обезбедуваат и стимулираат активно граѓанско вклучување и обезбедуваат здрава животна средина и подеднакви квалитетни услуги за сите граѓани низ државата.

Во исчекување сме да ги чуеме конкретните одговори од учесниците на изборите. Од нивниот одговор зависи и нашиот одговор на гласањето“, велат од повеќе невладини организации чиј фокус е екологијата. 

Прашањата ги потпишуваат:

Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје

O2 Иницијатива

Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје

Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје

Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје 

Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје

Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село 

Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје 

Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани 

Треба да се знае дека дел од членовите на овие организации се членови на солетите од локалната власт во Центар, Град Скопје, Струмица итн.

Во продолжение погледнете ги прашања, на кои одговор се чека од оние кои треба да бидат надлежни, со конкретни рокови и одговорност. 

 

Прашања до политички партии учесници на изборите 

 
  1.  

Загадување: Што конкретно ќе преземете во текот на следната година, во следните 3 и 5 години за бројката од 5600 жртви од загадувањето да не расте, туку да се намалува и дали ги знаете економските последици од загадувањето и како ќе се справувате со нив?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Кога ќе почнете и во кој рок ќе го завршите префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање и така ќе го спречите континуираното труење на граѓаните?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Кои се вашите конкретни чекори за справување со отпадот во кој се гуши државата и како ќе се санкционираат општините коишто не се справуваат со отпадот?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Дали имате јасен план за организирање на незагадувачки јавен транспорт во Скопје и поголемите градови?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Дали ќе го „одмрзнете“ проектот за обележување на старите загадувачки автомобили, и нивно скалесто отстранување од сообраќај во денови на зголемено аерозагадување?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Како ќе овозможите конечно да се спроведува Законот за бучава кој предвидува и со него предвидената државна мониторинг мрежа за мерење на бучава и како ќе воспоставите ефикасен систем за контрола и санкционирање? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Кој е вашиот став за рудници во земјоделски региони, во близина на населени места и заштитени подрачја, како и за малите хидроцентрали по реките? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Загадување: Каде и колку пречистителни станици за отпадни води ќе изградите во овој мандат? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:”

  1.  

Загадување: Кога ќе направите фонд за животна средина од сите еколошки такси во државата?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Урбанизам: Кога ќе го смените Законот за градежно земјиште со кој се дозволува оној кој има 30% да може да откупи 70% од градежна парцела со државно земјиште? Kако ќе спречите приватизација на атрактивно државно земјиште по багателни цени?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Урбанизам: Кога и како ќе ја запрете легализацијата на дивоградбите и како ќе се справите со постоечките дивоградби и дивеењето на инвеститорскиот урбанизам? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Урбанизам: Која е вашата стратегија во неколку конкретни чекори да ја прекинете финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Урбанизам: Што ќе правите со проектот Скопје 2014? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Владеење на право: Како ќе овозможите полесно да се спроведуваат локални референдуми и облици на непосредно изјаснување на граѓаните и следење на политиките?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Владеење на право: Дали ќе поддржите јавна расправа во Собранието за Изборниот законик по изборите?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Сообраќај: Како ќе го намалите бројот на жртви во сообраќајот и сообраќајниот хаос? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Како ќе го вратите комуналниот ред во општините? 

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок:

  1.  

Дали имате јасен план за справување со кучињата скитници на национално ниво?

Одговор:
Рок за спроведување:
Колку ќе чини:
Од кој буџет:
Одговорни за спроведување:
Ваша одговорност доколку не се исполни во дадениот рок: