Кралот на новозеландските Маори бара китовите да ги уживаат темелните човекови права

Тухеитија Паки, кралот на новозеландските Маори повика во четвртокот на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштити овој загрозен вид.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права, како што е правото на здрава животна средина за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

„Звукот на песната на нашите предци ослабе и живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во реткото појавување во јавноста.

Во 2017 година Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородниот народ кој сочинува околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000 луѓе.

Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се огласуваше заедно со високиот началник на соседните Куковите остови, Травело Ту Арики. Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

„Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем. Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, рече Травел Ту Арики.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони. Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.