Рокот за пријавување на болни и изнемоштени лица трае до денеска на полноќ

Денеска на полноќ завршува пријавувањето на болните и немоќните лица кои сакаат да гласаат на изборите во домашни услови. Оние граѓани кои имаат поднесено уредна документација и извештај дека се немоќни да гласаат, истата важи и за вториот круг. Начинот на пријавување е во просториите на ОИК или на интернет страната.

„Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и изнемоштени лица кои што сакаат да го остварат своето право на гла, ден пред изборите. Односно лица кои што сакаат да гласаат н 7 Мај. Сите оние кои што имаат поднесено докумнети за првиот круг и имаат уредно но пополнето извештај дека немоќно лице сака да гласа за претседателски и парламентарни избори истите тие известувња важат за сега за втирот круг за парламентарните и претседателските избори„ изјави Вацев

Овие избори ќе имат мала промена, а тоа е граѓаните да одлучат дали би сакале да гласаат за претседателски избори или парламентарни со тоа што можат само еднаш да остварат глас на избирачкото место.

„Истото важи за болните и немоќните лица како што кажав при поднесувањето на своето баеање, уредно поплнуваат дали сакаат да глсат за претседателски, парламентарни избори, доколку не сакаат имаат право да заокружат само дали за парламентарни или претседателски избори„ посочи Вацев

Ваквиот начин на гласање се смета дека дава подобра прегледаност да гласовите, но и придонесува да не се дикриминираат или злоупотребат истите.

Во ОИК Штип до сега се пристигнати околу 20 пријави плус, од стари и изнемоштени лица кои сакаат да го остварат своето право на глас во домашни услови, во ОИК Берово оваа бројка е зголемена за 12. Но, се очекува овие бројки да бидат зголемени во текот на денот, кога впрочем и може да се пријавуваат.

За првиот крит претседателски избори во Штип гласаат 158 болни и немоќни лица, во Берово 187, 171 лице гласаше во Кочани и 159 во Делчево.

Лаура Стојанова М-Нет