Ова е подвиг: Минатата година едвај се спасија да не испаднат, а сега обезбедија место во Лигата на шампиони

Германската Бундеслига потврдува дека е при самиот врв кога се работи за квалитетот со кој располагаат екипите во овој шампионат. По синоќешната победа на Борусија Дортмунд против ПСЖ во првиот дуел од полуфиналето на Лигата на шампиони, Бундеслигата го потврди второто место на рангирањето на европските лиги, веднаш зад италијанската Серија А.

Со овој пласман, Бундеслигата си обезбеди и петти тим во ЛШ за следната сезона. Со тоа, сигурен пласман во ЛШ за наредната натпреварувачка сезона си обезбеди тимот на Штутгарт. Популарните Шваби по пауза од 14 години ќе играат во елитното европско друштво, што секако е голем успех, посебно и поради фактот дека пред помалку од една година, овој тим стравуваше дека може да испадне.

Минатата сезона Штутгарт ја заврши на 16 место и мораше да игра бараж за опстанок, кој за нивна среќа го добија и останаа во Бундеслигата, за сега веќе да бидат сигурни и како патници во ЛШ за новата сезона.

За тоа каква е разликата меѓу Штутгарт од минатата сезона и тој од оваа година покажува и разликата во бодови. Минатата сезона Штутгарт заврши со 33 бодови, а сезонава веќе има 64 бодови, што значи дека до крајот на првенството разликата ќе биде повеќе од двојно.

 

- Оглас -

Најнови вести