Близначки од Италија го прославија својот 100-ти роденден, заедно наполнија 200 години

од Radmila Tasevska

Италијанките Франческа и Марија Рикарди, сестри близначки, заедно го прославија 100-тиот роденден.

Тие живеат во малото гратче Анзано ди Пуља во италијанската провинција Фоџа.

Во видеото објавено од Ројтерс на Твитер, сестрите се гледаат како седат на маса со торта со бројот 200, за нивните 200 години заедно.

На прославата присуствуваа неколку луѓе.

Франческа и Марија заедно имаат дури 50 внуци.

Франческа им рекла на новинарите дека никогаш не очекувала да живее толку долго.

Слични содржини