Русија се обидува да го наруши мировниот самит, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвила конкретен план за нарушување на Глобалниот самит за мир што ќе се одржи во јуни во Швајцарија.

Зеленски разговарал на средба со претставници од земји-партнери и меѓународни организации со седиште во Украина, како и со украински дипломати, пренесува Укринформ,

„Имаме точни информации, конкретни податоци – дека Русија не само што сака да го наруши Самитот на мирот, туку има и конкретен план како да го направи тоа, како да го намали бројот на земји-учеснички, како да дејствува за да не дозволи има мир… И заедно мора да се спротивставиме на ова, мора да работиме во единство за праведен мир“, рече Зеленски.

Според него, сите се подеднакво заинтересирани да ја принудат Русија на мир и почитување на меѓународното право.

„Поголемиот дел од светот може да го обезбеди тоа“, смета Зеленски, додавајќи дека Глобалниот самит за мир во Швајцарија и дава на меѓународната заедница вистинска шанса за праведен мир и враќање на ефективноста на меѓународното право.

Како што пренесува Укринформ, повикувајќи се на Володимир Зеленски, Глобалниот самит за мир може и треба да докаже дека ниту еден човек нема да определи како треба да живеат сите останати во светот, освен светското мнозинство – заеднички и врз основа на вистинската меѓународна.