Сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил попладнево на „Партизанска“, има повредени

135

Попладнево на „Партизанска“ во Скопје, после Скопје сити мол, се случи сообраќајна несреќа, меѓу мотор и автомобил.

Од јачината на ударот, автомобилот е свртен во спротивен правец. На коловозот се забележуваат делови од искршените возила, а може да се види и кацига.

Повреден е мотоциклистот кој се судрил со автомобилот, а во болница е однесен и возачот на автомобилот Тојота, пренесува Телма.

Булеварската лента во правец од Сити Мол кон Ѓорче Петров беше затворена по несреќата во која има и повредени.