Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

Од:

Значи имате амбасадори од кариера кои може да ги пратите каде сакате. Ама, имате обврска да ги пратите оние со кои претседателот на минатите претседателски избори, а веројатно и на овие, се договарал дека ќе дојдат на позиции. Позиции што иако не се заслужени, во договорите треба да ги добијат коалиционите партнери. Затоа ако дипломaтијата е наше огледало, оние однадвор не гледаат убава слика! Нашата слика, е за жал нивната слика! Сетете се кој нè претставува, рече Силјановска Давкова.

„Шокантно е да чуете од врвни дипломати, инаку заборавени и неконсултирани, дека во моментов имаме 17 непополнети амбасади! Дека дури деветмина заминале за амбасадори без да го поминат законскиот тест пред Комисијата за надворешна политка“.

Вака истакна денеска кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
Таа додаде дека амбасадите не се пополнети заради партиските несогласувања.

– Значи имате амбасадори од кариера кои може да ги пратите каде сакате. Ама, имате обврска да ги пратите оние со кои претседателот на минатите претседателски избори, а веројатно и на овие, се договарал дека ќе дојдат на позиции. Позиции што иако не се заслужени, во договорите треба да ги добијат коалиционите партнери. Затоа ако дипломaтијата е наше огледало, оние однадвор не гледаат убава слика! Нашата слика, е за жал нивната слика! Сетете се кој нè претставува – рече Силјановска Давкова и додаде:

– Нам ни треба владеење на право и правна држава! Нам ни требаат слободи и права! Нам ни треба независно судство! Нам ни треба добро образование, а не само многу образовни институции кои произведуваат дипломи, но не и знаење! Нам ни треба социјална држава! Нам ни треба пристојно европско место за живеење! Бидете убедени дека ние сме тие кои на дело покажуваат дека сме европјани! Тие мислат дека ЕУ е реторика. Но, не е.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он

Собранието демантира дека од стенограмите на излагањето на Силјановска бил избришан зборот „рекет“

Силјановска-Давкова: Нема правен основ за Заев да раководи со финансиите, но каде се финансиите таму е моќта

Кристијан Ландов