Институциите и слепи и глуви за сериозните сомнежи за незаконско кеширање на израелскиот ПИ-АР гуру

Институциите и слепи и глуви за сериозните сомнежи за незаконско кеширање на израелскиот ПИ-АР гуру

Додека ја обвинуваат опозицијата за руски влијанија, власта е под сериозно сомнение за перење пари преку почесен конзул на Белорусија. Компанија која важи за една од омилените на СДСМ, само во првите два месеци годинава, од тендерите на РЕК Битола испумпала повеќе од 50 милиони евра.

Годинава, најголемиот тендер во РЕК, тежок 46 милиони евра е доделен на компанијата под раководство на почесниот белоруски конзул, Борче Марковски,  иако на јавниот повик, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нивната понуда била за 30% поскапа од останатите. Од опозицијата прашуваа и тоа како оваа компанија со истата механизација и истата работна сила, ќе работи на три различни локации истовремено.

Покрај македонскиот енергетски гигант РЕК Битола, Марковски компани редовно зима пари и од македонски електрани. Оваа компанија може да се пофали со најголемиот тендер што АД ЕСМ го издала во последните 10 години. Неверојатни 25 милиони евра.

Ова се само дел од бизнис релациите кои Марковски ги има со власта. Постојан рекордер во тендери чии суми тешко може да се изговорат, но и покрај ова, нема ниту вебсајт ниту профил на социјални мрежи. Она малку што го пишува на интернет за неа е дека е основана во 2002та година и оти е регистрирана во стан во Битола. Иако се занимва со ископ на јаглен, првична дејност и е нискоградба. Оваа компанија во 2019та имала вкупен приход од 361 милиони денари, за една година подоцна, да ги дуплира, па во 2019та да заработи 614 милиони денари, главно во бизнис со државни компании. Во 2023 дури влезе и во т.н. “клуб 200’ – односно 200 најголеми и најуспешни македонски компании.

И покрај тоа што ја следат скандал по скандал, засега институциите како слепи и глуви, не забележуваат проблем. Како антикорупциската комисија, така и финансиката полиција и обвинителството не постапуваат по наводите за криминал и перење пари, бар да ги расчистат сомнежите во јавноста.

Оваа компанија е мета на критики во јавноста, поради сомненија дека ја финансира кампањата на владеачката СДСМ, со пари кои се инаку наменети за македонскиот електро-енергетски систем. Последен во низата скандали беше обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ, оти изрлаескиот стратег за црна кампања е платен со пари кои поминале низ сметките на „Марковски компани“.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста