Наш изборНаш ИзборОхрид

Кривична пријава за три лица поради марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ како и против 51 годишно лице од струшкото село Велешта и 77 годишно лице од Струга, за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен преглед, полициските службеници кај лицето од Кавадарци пронашле и одзеле марихуана која второ пријавениот ја набавувал од трето пријавениот а потоа, сите заедно ја користеле.

извор: СВР Охрид