На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите. Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за ...
Сто евра бил поткупот што го побарала лекарката офталмолог И. Д. (67), вработена во Клиничката болница во Битола, која вчера беше уапсена на работното место поради сомнение дека примила мито. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопштија дека против неа е поведена постапка за кривично дело Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за ...
ОЈО Битола со соопштение до јавноста потврдува дека очната лекарка од Битола со иницијали И.Д. (67) години зела мито од пациент за да изврши операција на перде на очите. Настанот се случи вчера пред крајот на работното време, кога лекарката била затекната со обележаните пари. Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. ...