Expres.mk: Скандалозно смеење на пратеници додека се зборува за трагедијата на Онкологија

0
166

Неверојатно однесување на двајца пратеници на СДСМ кои на настан поврзан со трагедијата на клиниката за Онкологија без никакви емоции се смеат додека бараат оставка за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, објави expres.mk.

Пратениците на СДСМ Мартин Костовски од Куманово и Миле Талески од Прилеп без никаква емпатија кон луѓето што настрадаа на клиниката на Онкологија гласно се смеат додека бараат оставка на Мизрахи заборавајќи дека причината за анкетната комисија која ја води пратеничката се лични трагедии на десетици можеби и стотици пациенти од кои дел завршиле со смрт.

Костовски и Талески заедно со повеќе други пратеници на СДСМ од Мизрахи бараат оставка откако таа како шеф на комисијата пресложи заклучоци со кои се бара политичка одговорност од 6 функционери на СДСМ и ДУИ.

извор: expres.mk