Баерн и Реал играат во полуфинале на ЛШ, но Ипсвич го игра мечот на сезоната кој вреди многу повеќе

1011 Ковентри – Ипсвич (21 ч.)

Ковентри е сигурен на средината на табелата, па токму затоа и овој тим како да го загуби натпреварувачкиот дух и во последните четири кола освои само еден бод.

За разлика од домаќините, влогот во овој меч е огромен за тимот на Ипсвич, кој го брка второто место на табелата, кое директно води во Премиер лигата и победата ќе им биде „злато“ вредна.

На четири од последните пет меѓусебни дуели имало од два до три погодоци.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.92)

 

2621 Скорде – Одеволд (19 ч.)

Во Шведска првенството започна минатиот месец и овие две екипи не се меѓу оние кои сакаат да напаѓаат. Сковде во четири меча има само три дадени и три примени гола. Овие две екипи немаат одиграно натпреварувачки меч од 2019 година и реално сега не треба да се очекуваат многу возбудувања и погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.68)

 

6002 Баерн Минхен – Реал Мадрид (21 ч.)

Баерн ја има предноста на домашен терен, но Реал Мадрид секогаш е во улога на фаворит кога се работи за дуели во Лигата на шампионите. На последните пет меѓусебни дуели секогаш било со гол-гол 3+ комбинација и сигурно и вечерва на „Алијанц арената“ нема да има многу калкулации и може да се очекува отворена игра и погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.96)

 

4200 Естудијантес – Бока јуниорс (01 ч.)

Меч од полуфиналето на Купот на Аргентина и се игра на неутрален терен. Интересно е дека Естудијантес доминира во последните неколку меча и има три победи и едно реми.

Ако се погледнат 11-те меѓусебни дуели, дури на осум немало повеќе од еден гол, што значи дека и вечерва еден момент може да биде решавачки за одлучување на победникот.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.89)

 

4233 Депортиво Еспањол – Реал Пилар (20:30 ч.)

Дуел од третата аргентинска лига на кој домаќините се фаворити за освојување на бодови. Депортиво Еспањол е експерт за нерешени и во 13 меча има девет ремија, четири победи и ниту еден пораз. Реал Пилар е вториот тим според нерешените и има осум ремија.

Едноставно, на двата тима најважно им е да не загубат и да играат дефанзивно. На пет од последните шест меѓусебни дуели немало повеќе од еден гол.

Предлог тип: 0-1 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести