Снимени разбојниците како си го товараат сефот кој го украдоа од маркет во Црниче


На социјалната мрежа “X” (поранешен Твитер) е објавена снимка од грабежот во маркетот во Црниче кој се случи ноќта недела на понеделник.

На видеото се гледа како тројца разбојници и покрај вклучениот аларм, ладнокрвно го влечат сефот од маркетот и со превртување го носат кон црвено возило.

Претходно, разбојниците со црвен автомобил влетале во влезната врата на маркетот, ја скршиле влезната врата и потоа го нашле и украле сефот.

Грабежот се случил во понедлник наутро околу 3 часот. На постот е наведено дека местото на грабежот е на 200 метри од кругот на МВР.