Животната приказна на Бери Кеган: Од згрижувачки семејства до номинација за „Оскар“

Ирскиот актер Бери Кеган е номиниран за „Оскар“ во категоријата најдобра споредна машка улога.

Младиот талентиран ирски актер глумеше во The Batman, Eternals, American Animals, Dunkirk и Chernobyl, а неодамна доби и „Златен глобус“ за улогата во трагикомедијата The Banshees of Inisherin, која му донесе номинација за „Оскар“.

Сепак, патот до успехот на актерот не беше лесен.

Бери, роден во Даблин, како дете живеел со 13 различни згрижувачки семејства, откако неговата мајка починала од предозирање со хероин на 30-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“.

„Секое семејство беше добро со мене. Не знаеш што се случува кога си дете. Се врзуваш и потоа мораш да заминеш. Чудно е. Кога ќе созрееш, ќе погледнеш назад и ќе сфатиш што се случувало,“ рече во една прилика Кеган, кој имал 12 години кога починала мајка му.

Подоцна за Бери и неговиот брат Ерик се грижела нивната постара сестра Џема, а и неговата баба и тетка.

Младиот актер признава дека бил проблематичен во средно училиште, а не ги избегнал неволјите ниту надвор од училиштето. Тој раскажа како еднаш влегол без билет во локалното кино и долго гледал филмови. Персоналот го открил и го избркал, а му забраниле да влезе во киносалата.

Сепак, Бери немал поим дека години подоцна еден од неговите филмови ќе има посебна премиера токму во тоа кино.

Вели дека глумата отсекогаш го привлекувала и му помагала да ја надмине болката што ја трпел во текот на детството“. Во 2020 година, тој беше наведен на 27. место на листата на „Ајриш тајмс“ на најдобри ирски актери.

Кеоган пред две години изјави за „Даблин лајв“ дека се надева дека неговата приказна ќе инспирира многу млади луѓе да ги следат своите соништа.

„Ако сте поминале низ 13 згрижувачки семејства, тоа не значи дека нема да ви оди добро во животот“, рече актерот. Инаку, Бери е во врска со стоматологот Алисон Киеранс, со која го има синот Брандо.

Текстот Животната приказна на Бери Кеган: Од згрижувачки семејства до номинација за „Оскар“ е превземен од МАКФАКС.