Прилепската болница се пофали со нови апарати за анестезија (ФОТО)

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност продолжува со континуираните активности за набавка на нова апаратура за болничките одделенија. За потребите на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување набавени се Абиоскоп и Перфузор – информираат од прилепската болница.

Абиоскопот, односно PSP (Pancreatic stone protection), е фактички биомаркер за рана детекција на сепса. Со овој најсовремен апарат од фирмата ABIONIC се укажува на можна појава на сепса 72 часа пред нејзиното настанување со што се овозможува предвремено детектирање и делување.

Исто така за ова оделение набавен е и Перфузор, со кој се овозможува континирана покриеност на пациентите со 24 часовна терапија, вели Татјана Гнип Катароска, главна сестра на службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Во наредниот период ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ќе продолжи со набавката на најсовремена апаратура за подобрување на опременоста на наште болнички оддели а се со цел поквалитетна услуга за нашите пациенти и подобри услови и опрема за нашиот медицински кадар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.