Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста за секојдневната опасност од патогените бактерии

Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети и санитарни услови.

Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата.


Во близина на ТЦ „Буњаковец”, е прикажана бактеријата Klebsiella, која има потенцијал да биде сериозна опасност на ширење на зараза. Клебсиелата е патогена бактерија која може да предизвика различни видови на инфекции, вклучувајќи уринарни инфекции, пневмонија и инфекции на крвотокот.

Втората скулптура, која ја претставува бактеријата Proteus mirabilis е изложена во Градскиот парк кај фонтаната Лотус. Таа исто како и другата бактерија, е лесно пренослива и може да предизвика голем број на инфексции кај луѓето.


За подобра заштита, есенцијално е да се обезбедат пристојни јавни тоалети, особено на јавни места како паркови, улици и трговски центри. Проширувањето на пристапот до хигиенски услови не само што го подобрува здравствениот статус на заедницата, туку и спречува ширење на заболувања и компромитирање на квалитетот на јавното здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …