МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонско обединување и запирање на нападите кон ЗНАМ и Левица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг на партијата во Охрид, најави дека ќе цели кон обедување и македонско национално единство. Според него, партијата има обврска и одговорност да обедини, а таа обврска во минатото била занемарувана. Мицкоски нагласи дека во иднина ќе има моменти кога националното единство ќе е неопходно, исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на граѓанско единство без разлика на етничката припадност. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги запре нападите кон партиите на Димитар Апасиев и Максим Димитриевски.

„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button