19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ сепак ја зголемува цената на „Xbox“ конзолите

„Microsoft“ сепак ја зголемува цената на „Xbox“ конзолите

„Microsoft“ одлучи да ја зголеми цената на козолата за игри „Xbox Series X“ од 422 на 460 долари на јапонскиот пазар, додека малку поевтината „Xbox Series S“ исто така поскапе од 248 на 292 долари.

Најавеното поскапување ќе стапи на сила на 17-ти февруари, па на Јапонците им остануваат уште околу две недели да ги купат конзолите на „Microsoft“ по сегашни цени. Минатата година „Xbox“ го доживеа врвот на својата популарност во Јапонија, кога на гостински терен го престигна најголемиот конкурент – „Sony“.

„По внимателна проценка на ситуацијата на пазарот во Јапонија, решивме да ја промениме предложената малопродажна цена на конзолите „Xbox“. Редовно го оценуваме влијанието на локалните цени, со цел да се одржи разумна конзистентност во сите региони во светот. Оваа ревизија влијае на нашите клиентите и претставува тешка одлука за менаџментот на компанијата. Ќе продолжиме да го обезбедуваме врвното гејмерско искуство на конзолите на „Xbox“ што клиентите го очекуваа“, се вели во соопштението од претставништвото на „Microsoft“ во Јапонија.

Оваа одлука е спротивна на најавите од август минатата година, кога „Microsoft“, откако „Sony“ ги покачи цените на „PlayStation 5“, нагласи дека цените на конзолите на „Xbox“ нема да се променат.

Аналитичарите велат дека очекувале поинаков потег поради одлуката на најголемиот конкурент, „Sony“, да ја зголеми цената на конзолите „PlayStation 5“ во сите земји освен во САД.

„Microsoft“ отсекогаш се трудел добро да се позиционира на јапонскиот пазар, па ќе видиме како зголемувањето на цената ќе влијае на обемот на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП