Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Фирма“ според Push up 1-3 од Роланд Шимелфенинг, а во режија на Нела Витошевиќ.

Сценографија: Костантин Трпеноски, mvv.design
Костимографија: Розе Трајчевска – Ристоска
Избор на музика: Нела Витошевиќ


Улоги: (според редослед на појавување):

Анџелика – Ирена Ристиќ
Сабине – Ивана Павлаковиќ
Патриција – Сања Арсовска
Роберт- Филип Трајковиќ
Ханс – Игор Ангелов
Франк – Стефан Вујисиќ


Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Роланд Шимелфениг е еден од најплодните, најуспешни и најпреведувани германски автори. Поради тематската актуелност „Фирма“ (Push Up 1-3) авторот храбро прави вивисекција на капиталистичкото општество и последиците што доаѓаат како резултат од така поставениот систем. Тој во преден план ја истакнува бескрупулозната борба на индивидуата која се стреми да се искачи на врвот на хиерархиската пирамида, како и проблемот на осаменоста и отуѓеноста кои се рефлексија на таквото капиталистичко уредување. Целото дејство се случува во ИТ-корпорација. Во тоа „застрашувачко“ опкружување карактерите се натпреваруваат меѓусебно за повисока позиција во фирмата. Механизмите да се стигне до врвот се бескрупулозни, карактерите се служат со вербална манипулација и лицемерие за да го зграбат она што го посакуваат. Посветени да ги добијат овие битки, тие остануваат без социјален живот, затворени во нивните големи празни станови, асоцијативни за нивната духовна и социјална празнина.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …