Нè очекува спектакл на „Ролан Гарос“: Алкараз закажа полуфинале против Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“ каде ќе се сретне со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во меч за кој се сметаше дека е дербито во четвртфиналната фаза, Шпанецот буквално го збриша Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови 6:2, 6:1, 7:6.

Од почетокот до речиси самиот крај ова беше вистинска лекција по тенис од светскиот тенисер број еден кој петпати го одзеде целосно беспомошниот сервис на Циципас и му дозволи само пет гема.

А потоа при резултат 5:2 во третиот сет, Шпанецот не реализираше две меч топки, а потоа Циципас ја користи првата брејк топка во следниот гем и се враќа во мечот.

Се дојде до резултат 5:5 и сетот отиде во „тај-брејк“ во кој Алкараз подобро се снајде и го реши во своја корист со резултат 7:5, со еден мини брејк.

Новиот спектакл меѓу Ѓоковиќ и Алкараз ќе биде своевидно „финале пред финалето“, а според многумина победникот од овој дуел најверојатно ќе биде победникот во Париз.

Мечот е закажан за в петок кога ќе се играат двете полуфиналиња на Ролан Гарос во машка конкуренција.

Второто полуфинале ќе го дознаеме в среда по одигрувањето на останатите два четвртфинални мечеви: Александер Зверев (Германија) – Томас Мартин Ечевери (Аргентина) и Холгер Руне (Данска) – Каспер Руд (Норвешка).

ФОТО: Ѓоковиќ на чекор од рекордот на Федерер на грен слем турнирите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот