Специјализирани тимови за потраги од Белград пристигнале во Бањско Поле, четврти ден се трага по двегодишната Данка

Две специјализирани екипи за спасување од урнатини на Одделението за вонредни состојби на српското министерство за внатрешни работи синоќа пристигнале во Бањско Поле во околината на Бор, а од рано утринава почнале со пребарување на просторот околу куќата пред која исчезна двегодишната Данка Илиќ, јавува РТС.

 

Потрагата по девојчето, на кое од вторникот попладне му се губи секаков траг, влегува во четвртиот ден.

Двете екипи кои синоќа пристигнале од Белград и Нови Сад ги сочинуваат 18 пожарникари и спасувачи со пет теренски возила и едно куче за спасување, кои почнале со детално пребарување на просторот околу куќата.

Припадници на Министерството за внатрешни работи, пренесува спрскиот национален сервис, во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на Данка и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување.

Во текот на вчерашниот ден со багер беше расчистено земјиштето околу куќата во Бањско Поле, од каде на девојчето му се губи секаков траг. Набргу потоа пристигнала и полицијата која го пребарува просторот околу расчистените стебла. Засега нема официјални информации за деталите од истрагата

Back to top button
Close