Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Државите членки на НАТО не го испорачаа навреме она што и го ветија на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенрег при денешната ненајавена посета на Киев. Тоа, според него, значи руско искористување на предноста на терен додека исцрпените украински сили чекаат на западните воени резерви. Столтенберг нагласи оти „сериозните одложувања на САД и европските сојузници, довеле до сериозни последици на фронтот“, мислејќи меѓудругото, и на последното украинско повлекување од неколку села во источниот дел на земјата.

Руската државна телевизија емитуваше снимка од подготовките за изложба на запленета западна опрема во Украина, вклучувајќи ги и германските тенкови „Леопард“. Пред јавноста е најавен примерок и од американскиот тенк Абрамс. Јавноста можеше да види како тешките оклопни возила се довезуваат со камиони, но и се креваат со кранови за нивно поставување во Паркот на победата во Москва.

Изложбата е планирана да биде отворена на 1 мај, со околу 30 воени експонати, секој со знамето на земјата која го испорачала, меѓу кои не е македонското, со оглед дека и нашата земја испорача тенкови за Киев.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Управен оформи предмети за седумте тужби на Европски Фрнот

Дејан Дејан

Вреди ја повлече тужбата против решенија на ДИК-Управен суд ја запре постапката

Дејан Дејан

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам награда од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе