ФОТО: Сопругите на лидерите и кандидатите во елегантен стајлинг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денес во земјава е изборен ден на кој се гласа за втор круг претседателски и за Парламентарни избори. Правото на глас можат да го искористат сите граѓани на државата.

Партнерите на лидерите и кандидатите беа облечени во пролетни, елегантни комбинации. Во продолжение можете да ги погледнете.

Благојче Давков правото на глас го оствари во комбинација на темно плави панталони и бела кошула со коцки.

Елизабета Ѓоргиевска правото на глас го оствари во црвен фустан, со декоративно црвено ременче на струкот и црвена ташна.

Рози Мицкоска правото на глас денеска го оствари во темно зелен фустан со бели шари и светла крем мала ташна.

Елена Ковачевска своето право на глас го остави во црвен фустан украсен со бели ружи и кремаста ташна.

Надица Димитриевска на денешниот изборен ден беше облечена во елегантна комбинација, сиво сако со линии, бела сатенска под сако маица, црни панталони и црна ташна.

Везире Ахмети беше облечена во виолетово сако со виолетови панталони и црна под сако маица.

Нора Таравари правото на глас го оствари во комбинација на цветен фустан и розево сако.