Македонија

(Видео) Ахмети со закана до Мицкоски? Од плоштадот, лидерот на ДУИ му рече: Не започнувај беља, бирај ги зборовите, уште си млад!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не започнува беља. Ова од јавноста беше сфатено и како закана која ја упатил Ахмети до Мицкоски.

„Не започнувај беља и бирај ги зборовите. Уште си млад и устата млеко ти вади“, рече Ахмети.

По ова имаше скандирање среде скопскиот плоштад „УЧК, УЧК“ и „Али Ахмети“.

А од говорницата, скандираше и Ахмети.

На почеток