11.8 C
Скопје
09:34 - 26 април, 2024

Сурогат мајчинство за странци ќе се забрани во Русија – дури 45.000 бебиња биле однесени во други земји

Русија наскоро ќе усвои закон со кој на странците им се забранува да користат руски сурогат мајки, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.

Платеното сурогат мајчинство е легално во Русија, но во верската заедница е критикувано како комерцијализација на раѓањето деца, јави Танјуг.

Во последните неколку години околу 45.000 бебиња родени од руски сурогат мајки биле однесени во странство.

– Мора да се направи се за да се заштитат децата. На странците мора да им се забрани да користат услуги за сурогат мајчинство. Оваа одлука ќе ја донесеме на почетокот на декември, рече Володин.

По првата парламентарна расправа во мај, руските пратеници речиси едногласно го усвоија законот, а доколку биде усвоен во последната трета парламентарна расправа, предлогот ќе биде испратен до Горниот дом на Парламентот, а потоа до претседателот Владимир Путин на конечен потпис.

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....