Дали обвинението против Жан Митрев е во слободен пад?

На продолжението на судењето против д-р Жан Митрев и Клиниката „Жан Митрев“ за кривичното дело „Измама“ беа сослушани два сведоци на обвинителството. И двата искази беа против тврдењето на обвинителството. Еден од сведоците на обвинителството изјави дека се откажува од отштетно побарување и бара да не биде повикуван понатаму во постапката, a другиот сведок на обвинителството предложен како измамен, изјави дека нејзиниот покоен сопруг сам одлучил да се лекува во Клиниката Жан Митрев. Таа нагласи дека нејзиниот сопруг бил префрлен од Болницата „8-ми Септември“ во Клиниката „Жан Митрев“ бидејќи сметале дека станува збор за добра Клиника и тоа им бил главниот мотив.
Иако, е наведена од обвинителството како измамена, таа потенцираше дека таа воопшто немала контакт ниту со Клиниката, ниту со кој било доктор, ниту со д-р Жан Митрев, туку контактите ги извршувал нејзиниот син.

Вториот сведок на обвинителството изјави дека одлуката да се лекува во Клиниката „Жан Митрев“ ја донел лично нејзиниот сопруг заради доброто искуство што го имале од успешно лекување на негов роднина во Клиниката и затоа што во Радовиш имало ковид-центар во кој што немало ниту инфектолог. Сведокот изјави дека нејзиниот сопруг самиот дал согласност за хемофилтрација, па дури ѝ се јавил додека траела хемофилтрацијата да ѝ каже дека е подобар. Истиот сведок е втор сведок предложен од обвинителството кој што потврди дека од страна на обвинителот биле сослушувани групно сведоци кои присуствувале при диктирањето на нивните искази

И двајцата сведоци за кои обвинителството тврди дека се измамени наведоа дека немале никаков контакт ниту со д-р Жан Митрев ниту со било кој друг доктор од Клиниката „Жан Митрев“.

Во текот на судењето судечкиот судија ја опомена обвинителката Искра Хаџи Василева дека ќе биде парично казнета во момент кога ја попречуваше одбраната да поставува прашања, приговарајќи пред да биде поставено прашањето, дека однапред знае што ќе праша одбраната.

Од сведоците на обвинителството останаа уште малкумина. Од досега сослушани сведоци не се потврди тезата на обвинителството за сторена измама.