Вести Македонија

ДУИ со импровизирана конститутивна седница на Собранието ја започна кампањата

Со симулација на конститутивна седница на Собранието, Европскиот фронт кој го предводи ДУИ, ја почна кампањата за парламентарните избори.

Од коалицијата велат дека импровизираната седница е со цел да и се предочи на јавноста јасната визија за консензуална демократија, европска интеграција и зајакнување на еднаковоста во одлучувањето.

Како приоритети на коалицијата остануваат промени на Уставот, со вклучување на сите заедници и избор на претседател на државата во Собранието со двотретинско и Бадентерово мнозинство.

Од Европскиот фронт објаснуваат дека на овој начин тие ја презентираат својата  програма и што би направиле кога би биле избрани како пратеници.

Коалицијата Европски фронт ја предводи ДУИ, а учествуваат и  ДПА на Мендух Тачи, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа и Народно движење на Скендер Реџепи Зејд, приврзаниците на Зијадин Села од Алијанса за Албанците, потоа Бошњачкиот демократски сојуз и други.

Тие ги повикаа гласачите да гласаат за како што велат голема победа на Европскиот фронт на изборите на 24 април и 8 мај.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе