Поврзете се со нас

Македонија

„Сити парк бојс“: Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост, поединци веќе се на крајот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/CityParkBoys/

Работнички доживеа убедлив пораз од Пелистер во првиот меч од полуфиналето во плејофот во домашниот шампионат, пораз кој добро не го прифатија навивачите, популарните „Сити парк бојс“ кои имаа што да им кажат на играчите по последниот судиски свиреж.

Пелистер го разби Работнички во првиот меч од полуфиналната серија

Тие ги построија играчите и бараа одговори за нив за да денеска излезат со официјална реакција како навивачка група.

-ГРАНИЦАТА Е ПРЕМИНАТА!

-Вчера бевме сведоци на срамниот дебакл на нашите играчи. Трибината исполнета до последно место, еуфорија како што одамна не се осетила мегу публиката, се беше подготвено за еден одличен ден крунисан со победа за да на крај да добиеме што? Натпревар само 15 минути? Легачење по терен и фрлање цигли?
-Поразот како пораз не боли толку колку што боли не почитувањето кон дресот и името кое го носат. Се си има свој почеток и крај а поединци веќе се на крајот. Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост па и по цена тоа да придонесе крај на сезоната. Од сега па натаму ќе делуваме ние!
Подгответе се зошто наскоро доаѓа најтешката битка, најтешките минути на сезоната!!!
ПОРАЗ НЕ Е ЗБОР ОД НАШИОТ РЕЧНИК! -стои во реакцијата.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни