ВМРО – ДПМНЕ: Очај и мизерија на митингот на Пендаровски во Куманово – изнесени сексистички навреди за Силјановска Давкова, а Стево на тоа се смее и се заблагодарува

ВМРО – ДПМНЕ: Очај и мизерија на митингот на Пендаровски во Куманово – изнесени сексистички навреди за Силјановска Давкова, а Стево на тоа се смее и се заблагодарува

Брутални навреди за кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова на митингот на СДСМ во Куманово

На последниот недоличен напад врз кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ:

„На митингот, на Стево Пендаровски во Куманово, беа изнесени сексистички навреди кон кандидатот за претседател, професорката, Гордана Силјановкса Давкова.

Овие изјави, во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште потажно, во присуство на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Најстрашното од се е што после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту се обиде да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив, тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап. Бедно и жално е на кое дереџе дојде Пендаровски“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

По жестоката реакција од ВМРО-ДПМНЕ и бројните осуди на социјалните мрежи, доцна синоќа, се огласи портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска:

„По повод коментарот, на еден од присутните, на митингот во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Поради масовноста на митингот, за жал, не успеавцелосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам, објави на својот Фејсбук профил, портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска, која сега, ја води кампањата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Во нејзината Фејсбук објава, таа додава: „Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата, на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат, дека сум гласна во борбата против говорот на омраза кон жените, напиша Кузеска на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста