Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода, да го запаметиме овој извештај на Репортери без граници

„Слободата не е за потценување. Мораме да сме одговорни кон неа затоа што денес е под најголема закана од 2017 година наваму. Да го запаметиме овој извештај, може да е скапоцен и последен од неколкугодишниот демократски раст во низа. Слобода никогаш доволно, но и никогаш не сме имале поголема медиумска слобода. Дали ќе ја зачуваме?“, напиша на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионална соработка во Владата, по повод годинашниот Индекс на Репортери без граници за медиумските слободи на кој земјата напредуваше за две места.

Северна Македонија и годинава има напредок на извештајот за медиумски слободи на Репортери без граници, истакнува Забрчанец.

„Рангирани сме на 36 место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 годин, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место“, пишува во објавата Марјан Забрчанец.

Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави