Сакате да бидете популарни на ТикТок? Еве во кое време од денот треба да ги објавувате вашите снимки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

НЕ е тајна дека TikTok стана една од најпопуларните социјални мрежи, но можеби единствената платформа која им дава шанса на сите да станат вирална сензација. Ако веќе сте страствен тиктокер или сакате да станете популарен, еве како да го подобрите вашиот ангажман.

Marketing Hub анализираше повеќе од 100.000 објави и откри кои делови од денот во текот на неделата се најдобро за објавување со цел да се зголеми видливоста и да се добие поголем ангажман на корисниците со објавената содржина. Еве ги нивните резултати:

Понеделник: 6, 10 часот и 22 часот

Вторник: 2, 4 и 9 часот

Среда: 19, 20 и 23 часот

Четврток: 9 часот, 12 часот и 19 часот

Петок: 17, 13 и 15 часот

Сабота: 11 часот, 19 часот и 20 часот

Недела: 7 часот, 8 часот и 16 часот