Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Св. Мартин Исповедник папа Римски

Охрид, 27. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 14-ти март, денот кој православните верници го слават како ден на Св. Мартин Исповедник папа Римски.

Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа борбата против еретиците монотелити.

Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците го симна Мартин од катедрата и го доведе на суд во Цариград. Оттаму беше испратен на заточение во Херсон (денешен Крим) каде по две години се упокои, до крајот останувајќи верен на вистинското исповедување, подоцна потврдено на вселенски собор.

Житие:

Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците монотелити, на 5-ти јули 649 година беше посветен за папа. Тогаш царуваше Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле. Со цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар ја напиша книшката „Гипос“, којашто многу им погодуваше на еретиците. Папата Мартин свика собор од сто и петмина епископи, на којшто оваа царева книшка беше осудена. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле, молејќи го да ја држи чистата православна вера и да го посоветува царот да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода Олимпиј, за да го доведе римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но кога влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта. Во она време пак, Сарацените напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испрати друг војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не Ја почитува Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не Ја исповеда и не ? се поклонува, да биде проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму Св. Мартин мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре во покајание Павле. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше против папата Мартин. Пред смртта Павле го молеше царот да го ослободи Светиот папа Мартин.

Тропар:

Исповедниче на вистинската вера што спасува, Мартине свет мачениче, прими од нас пофалба и благодарност. Од Бога со благодатна вистина исполнет, на патот исповеднички цврсто остана, и Христос преку тебе Црквата ја зацврсти, Духот Свет пастирите ги умудру, Троичниот Бог и денес н? милува по твоите свети молитви. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука