За жал или за радост, работите кои со месеци наназад ги зборувам, почнаа да се остваруваат. Последната изјава на лидерот Христијан Мицкоски дека престануваат меѓусебните напаѓања со останатите опозициони партии, во кои јас не навлегов никогаш, дали значи дека на ВМРО-ДПМНЕ не му оди најдобро. Баш напротив. Рејтингот е ист како оној во декември, јануари, февруари. Висок рејтинг. Општата перцепција кај луѓето за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е многу висока. И колку и да вадат секојдневно некои афери тоа нема да го намали рејтингот – вели вели Јанко Илковски во својата последна видео-колумна Слушај ваму, што ја прави во соработка со Република.

Илковски смета дека нивото на комуникација на СДСМ е премногу ниско. Тој опасноста ја гледа во очајничките обиди, на како што вели, мафијашко политичка структура во Македонија – ДУИ. ДУИ вели работат во синергија со останатите држави од каде се прави огромен притисок.

Што им Јанковски да каже на оваа тема, слушнете во неговата видео-колумна:

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.