ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки.

Тој на Меѓународниот митинг што се одржа во Марибор, Словенија, патеката ја истрча за време 53.65. Досега рекордер во оваа дисциплина беше Бранко Илиевски со време 55.11, поставен во далечната 1980 година.

Стојоски повеќе од задоволен од постигнатиот успех. Вели дека ова е негова втора трка во оваа дисциплина во досегашната кариера.

Со овој последен успех, Стојоски сега е носител на 9 државни рекорди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука