Спорт
Мота телефонски добил отказ, Тудор е новиот тренер на Јувентус

Тиаго Мота повеќе не е тренер на Јувентус. Тмот до крајот на сезната ќе го предводи Игор Тудор. Официјална потврда за ова се очекува утре.
На Мота му пресудија два дебакли, седум примени гола во последователни натпревари, против Аталанта (0:4) и Фиорентина (0:3).
Тиаго Мота летово го презеде Јувентус од Масимилијано Алегри. Тимот беше елиминиран од Купот на Италија и Лигата на шампионите, а во Серија А не само што се прилично мали шансите за освојување на Скудетото, туку сериозно mu е загрозена и позицијата која води во Лигата на шампионите.
Тудор има сериозно тренерско искуство во Италија. Тој ги водеше Удинезе, Верона и Лацио, а во сезоната 2020/21. тој беше помошник тренер на Андреа Пирло во Јувентус.
Според некои медиуми на Апенините, Мота телефонски бил информиран за отказот.
Шокантно откритие попладнево објави „Газета дело спорт“, која откри дека спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, човекот кој го избра поранешниот тренер на Болоња, бил длабоко разочаран од работата и резултатите на Мота и му рекол на тренерот во заминување „дека се срами што го избрал да го води тимот на Јувентус“.
Џунтоли му ги кажа овие зборови на Мота на состанокот на кој присуствувал извршниот директор на клубот Маурицио Сканавино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Филипинската сензација ја победи Швјонтек во Мајами

Александра Еала, 19-годишната филипинска тенисерка, приреди уште една сензација на Мастерсот во Мајами. Еала, во четвртфиналето ја победи петкратната грен слем шампионка Ига Швјонтек.
Еала (140. на ВТА листата) за еден час и 41 минута ја победи второрангираната на ВТА листата со 6:2, 7:5.
Филипинката претходно победи две грен слем шампионки, Елена Остапенко и Медисон Киз.
Еала осум пати и го одзеде сервисот на фаворитката, одтако блескаше во првиот сет, во втриот успеа да се извлече и врати во мечот по предноста на Швјонтек од 2:4.
Со оовј триумф, Еала си обезбеди пласман на 75.место на ВТА листата. Еала во полуфиналето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Ема Радукану и Џесика Пегула.
Спорт
Рагник се сели во Бирусија Дортмунд?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник ги одбројува последните месеци од својот мандат како селектор на националниот тим, бидејќи медиумите во Германија пишуваат дека тој е во напредни преговори со Борусија Дортмунд за преземање на функцијата спортски директор.
И покрај тоа што договорот со оваа средноевропска репрезентација му истекува на крајот на оваа календарска година, големи се шансите популарниот „Професор“ да го скрати мандатот и на лето да му се врати на клупскиот фудбал.
Без разлика што Рангник веќе водел прелиминарни преговори со Борусија, германски „Билд“ пренесува дека елиминацијата од Србија и пропуштената шанса да ја одведе Австрија во елитната дивизија од Лигата на нации може да го забрза заминувањето на искусниот тренер.
Самиот Рангник изјави дека поразот од Србија нема да влијае на примарна цел на Австрија да се пласира на Светското првенство следната година.
Првите предизвици Австрија ги очекува во јуни на стартот од квалификациите, каде во првата половина од месецот ќе ги одмери силите со Романија и Сан Марино, па останува да се види дали квалификациите ќе го започне со Рангник на клупата или без него.
Она што дополнително ја усложнува ситуацијата е тоа што местото спортски директор на Борусија е веќе пополнето, бидејќи функцијата ја обавува пораншениот играч на овој клуб, Себастијан Кел.
Спорт
Еурофарм Пелистер се засили со десен бек од Полска

Еурофарм Пелистер потврди дека договори засилување за следната сезона. Нов играч на „зелените“ ќе биде деснуот бек од Полска, Анжеј Видомски.
Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.
Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.
Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.