Промотивно читање на книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица се одржа синоќа во Скопје.

Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот и негова интерпретација. Модел кој авторот го избрал како актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со комплет на визија, емоции и мисла презентирани изворно од авторот.

„Тарафот“ е трет роман на авторот Петар Трајков по објавените „Орбело“ (2010) и „Дојрански договор“ (2021). Објавил и две публицистички книги и повеќе текстови.

„Тарафот“ е роман од жанрот на историска фикција кој обработува долг временски континуитет на промени и мачни процеси за нашиот народ прикажан низ приказната на едно семејство низ пет генерации.

Романот изобилува со многу информации за околните времиња во кои се опстојувало, детални описи на општествени односи, драматизација на препознатливи настани, опис на предмети, народни обичаи и верувања кои се ново искуство за љубителите на домашната и балканска историска фикција. Тараф (страна) тоа е всушност име за политичка припадност на нашиот народ пред да бидат формирани Револуционерната организација и покасно политичките партии. Тарафите биле суштината на политичките збиднувања.

Романот опишува една историја на скриена, тајна круна која се појавува пред неколку векови и успешно преживува низ редица познати историски премрежја и предизвици движејќи се не само низ балканските центри: Истанбул, Софија, Белград, Солун, туку и со свои активности како дипломатија во Лондон и Москва.

За промоцијата организаторот изработи автентични предмети согласно романот: знаме, униформи и патиниран приказ на оружје кои беа дел од атмосферата на настанот.


Администратор
27/11/2022 13:40