Силјаноска Давкова: Гордоста не се купува, гордоста се заслужува

Силјаноска Давкова: Гордоста не се купува, гордоста се заслужува

Пред Владата на Република Македонија се оддржа првиот сенароден собир во организација на ВМРО ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Др Гордана Силјановска Давкова. 

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:

Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните,  беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода. Е така се гради гордост, тие загинаа за нас , за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува!

Таа вети дека ако стане претседател на државата повторно ќе ја отвори Народната канцеларија на претседателот, која беше отворена од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Рече дека нема да оди надвор од Македонија и да преговара без да оствари консензус за клучните прашања за државата.„Само најуспешните, најстручните и најпочитуваните можат да ни ја вратат гордоста и така веќе нема да бидеме најнесреќниот народ“, порача Силјановска Давкова. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста