Поранешен репрезентативец на Германија му се врати на фудбалот: „Се надевам дека имаат XXXL дресови“

Поранешниот репрезентативец на Германија, Макс Крузе, по двегодишна пауза, одлучи повторно да му се врати на фудбалот. Овојпат тој ќе игра аматерски откако потпиша договор за деветолигашот Демирспорт. Крузе одигра 14 натпревари за репрезентацијата на Германија, на кои постигна четири гола, а клупската кариера ја градеше во Вердер Бремен, Ст. Паули, Фрајбург, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург, Фенербахче, Унион Берлин и Падерборн.

Одлуката да се врати на фудбалот е тоа што неговиот пријател Ѓувен Акполат е тренер токму на Демирспорт.

„Се надевам дека во клубот имаат XXXL дресови“, се шегуваше Крузе на презентацијата откако откри дека има 100 килограми.

И од клубот имаат порака за него: „Нема да можеме да му го дадеме дресот со број 10 бидејќи е зафатен, но затоа ќе биде стартер во недела и како капитен ќе ја предводи екипата.“

Неговиот пријател Ѓувен Акполат, кој сега ќе му биде тренер во Демирспорт, рече дека и Крузе, како и сите останати фудбалери, ќе мора да го почитува клупскиот правилник.

„Му кажавме дека со наргиле не смее да влегува во соблекувалната. Тоа кај нас е забрането. Имаме правилник, како и во секој друг клуб. Секој фудбалер уплаќа по 10 евра во клупскиот фонд ако задоцни на тренинг или на состанок“, рече Акполат.

- Оглас -

Најнови вести