Лацио го понижи Милан – четири гола во мрежата на шампионот

Лацио го пречека актуелниот шампион Милан на „Олимпико“ и се погрижи тимот на Пиоли да го памети Рим. „Лацијалите“ славеа со 4:0 и се искачија на третата позиција на табелата во Серија А со 37 бода. Лидерот Наполи сега има 12 бода пред Милан на врвот.

Сергеј Милинковиќ – Савиќ брзо погоди, уште во четвртата минута, а Закањи зголеми на 2:0 пред крајот на првиот дел.

Луис Алберто од пенал го постигна третиот гол за Лацио во 67.минута, а Фелипе Андерсон го постави конечниот епилог.



Текстот Лацио го понижи Милан – четири гола во мрежата на шампионот е превземен од МАКФАКС.