Најмалку 14 луѓе загинале во Арканзас и Мисури во низа торнада кои го погодија Средниот запад и Југоисток на САД, соопшти полицијата.
Во текот на ноќта се регистрирани 26 торнада, а силни бури со громови погодиле делови од Арканзас, Илиноис, Мисисипи и Мисури, изјави Дејвид Рот, метеоролог во Центарот за прогнозирање на временските услови на Националната метеоролошка служба (NWS).
„Има голем ризик од нови торнада низ Алабама и Мисисипи“, изјави тој.
Два смртни случаи во торнадо се случиле во јужен Мисури, во округот Озарк, околу 434 километри југозападно од Канзас Сити, додека третиот смртен случај е пријавен во округот Батлер, соопштија државната патрола на Мисури.
Додаваат дека во буруите во овој регион загинале уште осум луѓе, додека во Арканзас загинале тројца, а 29 се повредени.
Роби Мајерс, директор на Управата за итни случаи на округот Батлер во Мисури, изјави дека се уништени повеќе од 500 домови, заедно со локалната црква и една продавница.
NWS предупредува дека бурите се движат источно и дека можат да стигнат до Атланта и Флорида.
Извор: Танјуг