Јелена Ѓоковиќ на себе носи накит од 350.000 евра: Сопругата на Новак со скапи детали на галата во Мадрид (фото)

Јелена Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието на наградите Лауреус во Мадрид.

Сопругата на Новак носеше фустан од локален дизајнер, чија цена е околу 500 евра, а за кој на големо се пишуваше, но некои други детали се исклучително интересни.

Ѓоковиќ имала и скап накит од престижниот бренд Картие, чии цени се исклучително високи.

Што носеше Јелена?

Ѓерданот има 71 дијамант од 7,98 карати и 142 дијаманти од 6,77 карати, а цената на официјалната веб-страница е 194.000 евра.

Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, Лауреус

Обетките што ги носела се состојат од 19 дијаманти од 1,64 карати и 10 дијаманти од 2,25 карати, а нивната цена е 78.500 евра.

На нејзината рака беше познатиот прстен „Пантер Картие“ со дијаманти и смарагди, чија цена е речиси иста со цената на обетките – околу 78.000 евра.

Единствено не се знае дали Јелена го купила овој накит вреден околу 350.000 евра или Картие и’ го дал да го носи.