CNN: Израел започна напад врз Иран

од Vladimir Zorba

Израел утрово изврши напад на иранска територија, изјави неименуван американски функционер за Си-Ен-Ен.

Целта не е нуклеарна, според овој претставник.

Опсегот на целите не беше наведен, но „нуклеарните и цивилните локации очигледно не беа во таа категорија“, додаде друг официјален претставник, според американската телевизија.

Иранската државна телевизија јави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан околу 12:30 часот по локално време и биле уништени откако бил активиран системот за противвоздушна одбрана на земјата, јавува Ројтерс.

Претходно, полуофицијалната новинска агенција Фарс објави дека „експлозии“ се слушнале во близина на меѓународниот аеродром во Исфахан.

Провинцијата Исфахан е дом на голема воздушна база, голем комплекс за производство на ракети и неколку нуклеарни локации, според Би-Би-Си.

Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека летовите над неколку градови во земјата се прекинати.

Слични содржини