logo
logo
logo

Макрон ќе го БЛОКИРА изборот на Волас за шеф на НАТО?

Vecer | 27.11.2022

Макрон ќе го БЛОКИРА изборот на Волас за шеф на НАТО?

Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Волас за генерален секретар на НАТО.

Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на алијансата.

„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник Ендрју Бриџен.

Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација.

Волас сега е британски министер за одбрана.

„Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО - покрај Волас - се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. 

Фото: Илустрација/профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk